Спортската сала во Битола ќе го носи името на еден од битолските ракометни великани „Боро Чурлевски“, откако едногласно од сите членови на Советот на Општина беше усвоена иницијативата за промена на името на салата „Младост“.
Токму во битолската сала ракометната легенда Боро Чурлевски ги достигна најголемите свои спортски успеси. Ракометна кариера ја започна во Пелистер со кој успеа три пати да ја освои вицешампионската титула во Југославија.
Чурлевски во 2014 година почина, a до крајот на својот живот беше активен во ракометот и затоа битолчани не го забораваат. На крајот од август месец Пелистер ќе организира турнир кој ќе го носи името на популарниот Чурле.
OhridNews