По повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров денес се одржа спортски ден во спортската сала која го носи неговото име во с. Велгошти во организација на ООУ „Живко Чинго“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид.

Охрид живее во духот на спортот. Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до оранизаторите на овој настан, бидејќи нивните активности за афирмација и подигање на спортската култура особено кај најмалдите се во корелација со заложбите на Општина Охрид. Незимерна е радоста да се гледа во деца чии лица ги краси насмевка и задоволство. Токму такви се лицата денес на учесниците на овој спортски ден. Она што го прави посебен овој настан е тоа што преку спортска игра ќе научите дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе ви помогнат така да се однесуваат и во сите други области во понатаможниот живот, потенцираше Китески.
Дополнителен бенефит на ваквите манифестации, вели е тоа што придонесуваат за правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата.
Со правилен психо-физички и социјален развој градиме здрава иднина, како што вели народната поговорка, „Во здраво тело – здрав дух“, додаде Китески.
Младите спортски таленти се натпреваруваа во дисциплините фудбал, баскет за машки и женски екипи, пинг понг и шах за мажи и жени. Подобрите во натпреварувачкиот дел ќе бидат наградени со пехари и медали.
OhridNews











