Покрај поморот кој најверојатно е причинет од недостаток на свежа вода, односно кислород во каналот Студенчишта, плашицата ја истребува и човекот. Користејќи ја неповолната хидролошка состојба охриѓани буквално ја сотреа плашицата од каналот изловувајќи ја со што ќе стигнат.


Оваа риба завршува на пазарот, велат спортските риболовци, кои предупредуваат на можни последици затоа што во каналот има големи количини мртва риба која се распаѓа и претставува потенцијален извор на зараза. Спортските риболовци апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни и да се воздржат од козумирање плашица се додека надлежните институции не ги соопштат причините за големиот помор во каналот Студенчишта.

OhridNews