Охрид во сабота, 27 септември, ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл – завршна манифестација со која ќе биде затворена Европската недела на спортот 2025.

Овој проект го спроведува Министерството за спорт во рамките на најголемата европска иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS) која годинава одбележува 10-годишен јубилеј.

Охриѓани имаат можност да уживаат во единствено искуство кое ги спојува спортот и забавата. Во рамките на овој спортски спектакл ќе се одржат натпревари во ракомет, кошарка, фудбал, одбојка, карате, таеквондо, стрелаштво, ќе има фитнес зона и уште многу забавни активности проследени со музика и вечерна програма. Да ја заокружиме заедно неделата исполнета со енергија, движење и спортски дух!, веат организаторите.

Настанот ќе се одржи на Кејот Македонија, со почеток во 13 часот.

OhridNews