Спортскиот директор на Ајакс Марк Овермарс повика на прекинување на сезоната во холандската фудбалска лига. Прва федерација која пресече и го заврши фудбалскиот шампион е белгиската. Клуб Бриж го прогласија за шампион, а ги одредија учесниците за европските натпреварувања.

Зошто станува збор за пари во овој момент, а не за јавното здравје?“Се надевав дека КНВБ (Холандската фудбалска федерација н.з) ќе донесе независна одлука, но наместо тоа, тие кријат зад УЕФА. – изјави Овермарс.

УЕФА во средата реши да им даде можност на европските лиги да ја завршат сезоната по 30 јуни. До 1-ви јуни, владата во Холандија донесе забрана за играње поради пандемијата со коронавирус. Овермарс не верува дека шампионатот ќе продолжи.

Јас ги споредувам УЕФА и КНВБ со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој пред една недела рече „економијата е поважна од вирусот корона“. Ало! Повеќе од стотици луѓе умираат во Холандија како резултат на коронавирусот. Остануваат уште осум кола до крајот на шампионатот во Холандија, а Ајакс кој е лидер на табелата има и натпревар повеќе. Овермарс не се грижи дека Амстердам во моментов е прв и би бил прогласен за шампион во случај на откажување. Играњето е само неодговорно во моментот. рече поранешниот фудбалер на Ајакс.

OhridNews