По повод големиот христијански пранзик „Св. Никола“, денеска во Одделението за геријатрија при Општата болница Охрид беше донирана риба од страна на Риболовното друштво „Св. Стефан“ во соработка со концесионерот „Пастрмка 2012“.

Како што потенцира потпретседателот на Риболовното друштво „Св. Стефан“, Димче Мајкоски, сета уловена плашица од натпреварот кој викендов се оддржа во каналот Студенчишта е донирана во Одделенито за геријатрија, а трпезата дополнително ја збогати концесионерот „Пастрмка 2012“ со вкусна белвица.

Минатата недела имавме натпревар во спортски риболов и одлучивме по повод големиот христијански празник Св. Никола, денот кога се јади посна храна, да ја донираме сета уловена риба за старите луѓе кои се тука сместени. Во соработка со концесионерот и нивната добра волја, усепавме да добиеме и белвица за сите тука присутни да имаат можност да го вкусат охридскиот специјалитет.“ – вели Мајкоски.

Од Одделението за геријтрија изразија благодарност од гестот на Риболовното друштво „Св. Стефан“ и концесионерот „Пастрмка 2012“, со надеж дека вакви слични акции ќе продолжат и во иднина.

Им благодариме на сите тука што не посетија во Геријатриското одделение и донацијата која ни ја пружија РД „Св. Стефан“ и концесионерот по повод празникот „Св. Никола“. На сите им пожелуваме здравје, љубов и благосостојба.“ – истакна Лазор Стојчески, техничар во Одделението за геријатрија при Општата болница во Охрид.

Благодарност за хуманиот чин изрази и директорот на Општата болница – Охрид, д-р Љубен Арнаудов.

О.Т.