
Натпреварот ќе се одржи согласно Правилата за натпревари во спортски риболов на Република Македонија, пропишани од националната риболовна федерација. Приборот за риболов е по слободен избор и дозволено е улов на сите видови риби.
Мамците и количината на прихрана, исто така, е по слободен избор и нема ограничување, соопшти организаторот.
Право на учество имаат сите жители на Охрид, околните општини и сите членови на здружението од сите категории на возраст. Пријавување за учество на натпреварот ќе се врши директно кај официјалните лица (судија) пред самиот натпревар.
Наттпреварот започнува во 8.30 часот.










