Спортските риболовци пролетта ја почнаа со акција за чистење на угинатата плашица
21.03.12 14:40
Членовите на Спортското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ доаѓањето на пролетта го означија со акција за чистење на каналот Студенчишта од изумрената плашица, која и по изминати неколку недели од поморот сеуште се наоѓа во каналот.
– Над 90% од каналот сега нема ниту флора, ниту фауна, што претходно се нема случено. Наше барање е околу Билјанините извори да се прогласат три заштитни зони во кои би се забранила било каква урбанизација и градење на објекти. Ова што сега протекоја изворите е поигрување со животот на плашицата, дали поради лошо менаџирање или пак нечии политички игри поради кои изумреа над 10 тони плашица, рече претседателот на „СВ. Апостол Петар“, Радован Димитриески.
Спортските риболовци апелираат надлежните што поскоро да превземат мерки за спречување на понатамошен помор на плашицата, како и за отстранување на изумрените единки за да не дојде до ширење на зараза.
– Во секоја нормална држава ова би било аларм под итно да се превземе нешто, а овде надлежните креваат раце. Сега настапува топол период и рибните болести лесно се пренесуваат од една на друга единка во езерото со што може да се прошири заразата, потенцира спортскиот риболовец, Борис Георгиевски.
Од страна на СРД Св. Апостол Петар постојано се апелира до надлежните да ја исчистат угинатата плашица од каналот за да се спречи еколошката катастрофа до која би можело да дојде поради распаѓањето на плашицата што е пак извор на бактерии кои преку домашни миленици, птици и глодари можат да предизвикаат разни болести кои може да се пренесат низ целиот град.
Демографските трендови – како што се намалувањето на наталитетот, иселувањето на младите и стареењето на населението – се економска реалност што бара системски пристап и долгорочни решенија истакна...
Денес и утре Охрид станува епицентар на коктел културата За првпат годинава охриѓани и посетителите ќе може да уживаат во коктели што ги разигруваат сетилата, богата музичка програма и атмосфера шт...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:40 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Никола Карев“ и на дел од Бул „Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид По...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.