Како што информираат од Царинската управа, вчера, царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречиле обид за криумчарење на 35 килограми свежа ендемична охридска пастрмка.
 
Имено, утрото околу 09.15 часот за влез во Република Македонија се пријавило патничко моторно возило Опел Кадет со албански регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. На прашањето- дали има нешто да пријави за царинска контрола,  возачот одговорил дека нема.

Царинските службеници, по извршената детална контрола на возилото, во делот за резервна гума во багажниот простор, во вратите, и под седиштата на возилото пронашле  35 килограми свежа пастрмка.
 
Стоката е одземена, а против сторителот е поднесена прекршочна пријава.

OhridNews