Охридските пожаникари денеска спречија поголем пожар на борова шума во месноста Бејбунар.
Со брза и ефикасна интервенција на Територијалната противпожарна единица од Охрид пожарот е навремено изгаснат. Пожарот беше пријавен во 14:25, а истиот е изгаснат во 14:55 минути. – информираат од ТППЕ Охрид.
Причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.
OhridNews
Ангажирани 541 полициски службеник за превенирање и гасење на пожарите













