При тоа, во две возила пронајдени биле 240 тегли фалсификуван производ, кои според планираното требале да се продаваат на патниот правец Кичево – Охрид. Од запленетите количини, земени биле мостри за анализа. По добивањето на резултатите, против сторителите на овој прекршок, ќе бидат поднесени соодветни пријави и ќе им се изречат казни согласно Законот за безбедност на храната.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство утврдиле неправилности и кај компанија од Кичевско која на истиот патен правец, спротивно на одредбите од Законот за безбедност на храната, продавала фалсификуван мед.