Со прикажување на филмот „Никаквица“ на режисерот Жак Доајон, годинешниот добитник на наградата „Златна маска“ за животно дело, вечерва беше спуштена завесата на петтото јубилејно издание на Фестивалот на францускиот филм во Охрид.
На свечената церемонија на затворањето покрај наградата за животно дело, беа доделени и наградите на победниците на фестивалот, што ги избра тричлено стручно жири, предводено од македонскиот режисер Антонио Митириќески. За најдобар филм беше прогласен „Мојата мала принцеза“ на Ева Јонеско, додека наградата за најдобро сценарио отиде во рацете на Матје Касовиц за филмот „Реди Морал“. Наградата за најдобра машка улога ја доби Филип Торетон за ролјата во филмот „Предвреме обвинет“, а за наградата женска актерка беше прогласена Изабел Ипер за улогата во филмот „Мојата мала принцеза“. Во конкуренција на краток филм наградата за најдобар филм на фестивалот ја понесе „Можам да ви бидам баба“ на Бернар Танги, а специјална награда доби краткиот филм „Црвен тепих“ на Макс Азулеи.
На петтиот Фестивал на францускиот филм беа прикажани  девет догометражни и дванаесет краткометражни филмови од најновата француска кинематографија.
OhridNews