Преку стотина фудбалерчиња поделени во возрасни категории продефилираа на терените на СРЦ “Атина Бојаџи“ во Охрид на вториот “Фер Плеј куп“, во организација на ФК Фер Плеј од Охрид.
Турнирот мина во домимнација на српскиот Кикер од Краљево кој триумфираше во две возрасни категории. Охридските фудбалски школи, освоија едно прво и две трети места. Фер Плеј триумфираше во генерацијата 2001, додека “Охрид Јуниор 10“ освои две бронзи и тоа во генерациите 2000 и 2002.
Во генерацијата 2000 победи Работнички по 1-0 триумфот во финалето над Талент од Битола, додека трети беа охридските “Јуниор 10“ кои со 2-0 ја совладаа Воска.
Фудбалерчината на Фер Плеј од Охрид го освоија првото место во генерацијата 2001 , втори беа Академија Постолов-Пандев. “Ферплејци“ на пенали 4-3 го совладаа противникот. Трет заврши Пелистер 2011.
Во генерацијата 2002 триумфираше Работнички откако беше подобар од Раднички од Кргуевац, додека Јуниор 10 го освои третото место со триумфот над Медијана.
Во генерацијата 2003 Кикер Краљево го победи во финалето со 1-0 Раднички од Кргуевац со минални 1:0. Третото место во генерација 2003 му припадна на Пелистер кој со 4-0 го совлада Фер Плеј.
Кикер од Краљево победи во генерацијата 2004 откако во финалето кое го играше против вториот тим на Кикер победи со 4-2. Пелистер 2011 го освои третото место по триумфот над Фер Плеј со 6-0.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com