Последниот ден од трансфер периодот
помина со големи “трампи“ и засилувања. Во Серија А најмногу фудбалери
ги промениле екипите додека во Премиер Лигата се потрошени “еден тон
пари“.

Откако остана без Фабрегас и Насри, за очекување беше Венгер да го
одврзе ќесето. Во дресот на “топџиите“ пристигнаa Микел Артета, Пер
Мерстесакер, Јуси Бенајун и Бастош додека екипата ја напушти Никлас
Бендтнер. Од останатите премиерлигашите Тотенхем се ослободи од Крауч и
Паласиос кој преминаа во Стоук и Хатон и Џермејн Џонс во Астон Вила.
Челси не успеа да го доведе хрватскиот репрезентативец Модриќ но го
“лапна“ Раул Меирелеш од Ливерпул.


“Волчицата“ предводена од новиот стратег Луис Енрике, во “пет до
дванаесет“ ги доведе Миралем Пјаниќ и Фернандо Гаго додека Интер се
засили со Мауро Зарате и Диего Форлан. Милан во своите редови го доведе
Ночерино а ги напушти Масимо Одо кој премина во Лече.


Мх.П.