Српската кошаркарска селекција без еден од главните адути ќе настапи на Мундијалот во Кина. Поради повреда од ростерот на селектор Александар Ѓорѓевиќ отпадна Милош Теодосиќ.

Новиот кошаркар на Болоња повредата на стапалото ја заработил на контролниот меч помеѓу Србија и Литванија. Теодосиќ се пожалил на болки во првата четвртина и не влегол во игра во продолжението од натпреварот.

Во прашање е повреда на стапалото. Напревени се снимки и веднаш ќе се започне со интензивна терапија. Ќе видиме како ќе реагира повредата после новите прегледи кои ќе ги направиме за неколку денови. – изјавија од докторскиот тим во српската репрезентација.

Никој од српската селекција не ја потврди информацијата за Теодосиќ, но италијанските медиуми блиски до клубот од Болоња информираат дека кошаркарот ќе паузира месец дена и ќе го пропушти стартот од националниот шампионат.

OhridNews