Денеска на пладне свечено ќе биде означен почетокот на изградбата на новиот автопат во соседна Србија Појате – Прелина, кој ќе ги спојува коридорите 10 и 11.

Оваа исклучително важна сообраќајна делница за земјата, долга 112 километри, ќе ги поврзе градовите во централна Србија: Чачак, Крушевац, Краљево, Трстеник, Врњачка бања…

Автопатот по таканаречениот Моравски коридор ќе се вика „Милош Велики“. Предвидено е да биде завршен до 2022 година и ќе чини околу 750 милиони евра. Тој ќе биде најширокиот автопат кај северниот сосед со распон од 30 метри. Нема ниту еден тунел, но ќе има дури 84 моста, дваесеттина вијадукти и десет клучки.

Ова ќе биде првиот дигитален автопат во Србија кој ќе содржи модерна оптичка инсталација, бесплатен интернет и дигитално информирање на возачите.

OhridNews
фото: илустрација