Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти, денеска во Белата куќа во Вашингтон, САД, потпишаа економски договор, под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп.
Ова е историски момент. – истакна претседателот на САД по потпишувањето на Договорот во Овалната соба и најави посета на Србија и Косово, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Америнакскиот претседател Трамп истакна дека Србија и Косово се согласиле да ги нормализираат економските односи, што се смета голем исчекор. Тој додаде дека Србија, исто така, се согласила да го пресели своето дипломатско претставништво во Израел во Ерусалим, како и дека наскоро Израел и Косово ќе воспостават дипломатски односи.
Претседателот на Србија Вучиќ, нагласи дека постојат многу несогласувања помеѓу Србија и Косово, но нормализирањето на економските односи го смета за голем чекор напред.
И премиерот на Косово Хоти смета дека постигнатиот договор со Србија е чекор напред, кој треба да води до взаемно признавање на двете земји.
Г.М.











