Во тепачката што рано утрово околу 5.30 часот се случила помеѓу туристи во центарот на Охрид, подебелиот крај го извлекле двајца кичевчани.
Како што соопшти МВР,петина српски државјани на возраст од 21 до 26 години, извршиле физички напад две лица од Кичево на возраст од 23 и 26 години. Тие ги удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а употребиле и стаклено шише, при што им нанеле видливи повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.
Од страна на ПС-Охрид во тек се мерки за расчистување на случајот.