Српската кошаркарска селекција на престојното Европско првенство во Словенија ќе настапи без Милош Теодосиќ и Владимир Лулиќ.

Селекторот на „орлите“ Душан Ивковиќ до последен момент ги чекаше повредените кошаркари да ги залечат своите повреди и да ја предводат репрезентацијата.

Србија во групната ќе се сретне со Македонија, а во групата уште се наоѓаат Литванија, Латвија, Црна Гора и БиХ.

Составот на Србија за ЕП : Стефан Марковиќ, Василије Мичиќ, Немања Недовиќ, Богдан Богдановиќ, Данило Анџушиќ, Немања Крстиќ, Немања Белица, Никола Калиниќ, Ненад Крстиќ, Рашко Катиќ, Владимир Штимац, Ѓорше Гачиќ.

Мх.П.