Вечерва (18часот) во престолнината на ЈАР ќе бидат одредени групите за светското првенство во фудбал наредната година. Оскаровката Шарлиз Терон ќе биде церемонијал мајсторот , а друштво ќе и прават Дејвид Бекам, двојниот атлетски олимписки шампион од Етиопија Хајле Гребреселасие, капитенот на рагби тимот на ЈАР Џон Смит и фудбалерот на ЈАР, Метју Бут.Селекциите ќе бидат поделени во 4 барабани :
Прв барабан: Бразил, Шпанија, Холандија, Италија, Германија, Аргентина и Англија и Јужна Африка како домаќин
Словенечките медиуми си направија група по желба која по изгледот не се разликува многу од онаа на српските медиуми.
И едните и другите за носител во својата група го посакуваат домаќинот ЈАР, а пак од вториот барабан преставникот на Океанија , Нов Зеланд. Словенците од третиот барабан посакуваат рерпрезентација од Јужна Америка, а за разлика од нив србите од третиот шешир го поскуваат Алжир
ФИФА за пласман во осминафиналето секоја репрезентација ќе ја награди со 11 милиони евра.










