Србија го освои првото место во групата Е и го очекува својот противник во четвртфиналето од групата Ф каде се отворени многу опции. Србија во последното коло од Е групата ја совлада Франција со 77:65, Украина загуби од Литванија со 63:75, но благодарение на победата на Белгија над Летонија од 60:56 се пласира во четвртфиналето. Таму уште патуваат Литванија и Франција.
Во Ф групата денеска е денот Д. Хрватска се среќава со Грција, Италија со Шпанија, а Словенија со Финска. На табелата водат Словенија и Хрватска со по 7 бода, следат Шпанија и Италија со по 6, а на дното се Грција и Финска со по 5 бода.
OhridNews