Фудбалската селекција на Србија најверојатно ќе остане без селектор откако Синиша Михајловиќ ги договорил условите за преземање на калчолигашот Сампдорија.
Михајловиќ, кој не успеа во обидот да ја однесе репрезентацијата на Србија на завршницата од мундијалот во Бразил со тимот од Џенова ќе потпише договор до крајот на сезоната со можност за продолжување.
Србија квалификациската група во која се наоѓаше и Македонија ја заврши на третата позиција со 14 бодови четири помалку од Хрватска, која обезбеди пласман во баражот.
Мх.П.