Домаќинот на Светското првенство во ракомет жени Србија во финалето за златниот медал изненадувачки ќе се бори со Бразил.
Пред повеќе од 12 000 гледачи селекцијата на Србија во првиот полуфинален натпревар ја совлада Полска 24-18 додека Бразил пласман во финалето обезбеди победувајќи ја Данска 27-21.
Финалниот натпревар на мундијалот во Србија е в недела со почеток во 17:15 часот, а претходно Полска и Данска ќе се сретнат во малото финале.
Мх.П.