Селекцијата на Србија, квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година ќе ги започне со нов селектор. Поранешниот тренер на Фиорентина, Синиша Михајловиќ ќе седне на жешката клупа на “белите орли“.


Фудбалерот од “златната“ генарација на Црвена Звезда, ќе го наследи Владимир Петковиќ – Пижон кој не успеа да ја одведе Србија на ЕП годинава. Михајловиќ ќе потпише четири годишен договор.

Србија во квалификацискита група за СП, се наоѓа со Македонија, Хрватска, Велс. Шкотска и Белгија.

Мх.П.