Репрезентацијата на Србија синоќа со пресврт го совлада големиот ривал Хрватска со 80:71 во финалето на „Адеко Екс Ју купот“, што се играше во Љубљана.

Хрватска водеше во поголемиот тек од натпреварот, но застана при водството од 67:57. Тоа умешно го искористија српските кошаркари правејќи серија од 13:0, што се покажа како клучен момент на натпреварот. Во последните седум минути од натпреварот Србија даде 23 коша, а Хрватска само четири.

На турнирот во Љубљана, Македонија заврши на последното место со три порази од три натпревари. Vo natprevarot za 5-to mesto репрезентацијаta на Македонија загуби од Црна Гора со 67:57.


Најефикасен во победничкиот тим беше Владимир Дашиќ со 17 поени, Горан Јеретин даде 11 поени, а Милош Борисов и Никола Пековиќ по десет.

Најдобар во македонската селекција беше капитенот Перо Антиќ со 17 поени, додека Војдан Стојановски постигна 13.

Претходно нашата репрезентација претпре порази и од Босна и Херцегонина и од Србија.

Турнирот на репрезентациите од просторите на поранешна Југославија организиран е во рамки на подготовките за Европското првенство, кое започнува на 31 август во Литванија.

OhridNews
извор: „Макфакс“