Србија ја спушти граничната  рампа за увоз на македонско говедско месо, но и забрани транзит на стока,  поради болеста „јазлеста кожа“, објави „24 Вести“. Од средината на минатиот месец, освен за Македонија забраната се однесува и за Грција, Бугарија и Турција. Од  Македонското министерство за земјоделство не ја коментираат ваквата забрана.

-Нема да ја коментираме одлуката на Србија, бидејќи Македонија има недостаток на месо и не извезува во соседството.  За сите информации обратете се во агенцијата за храна и Ветеринарство, соопштиле од Министерство за земјоделство.

Каква е состојбата со болеста кај добитокот, какви мерки за спречување се преземаат – информација била бил побарана и од Агенцијата за храна и ветеринарство, но и од таму немало повратен одговор.

Од српското министерство за земјоделство соопштиле дека се работи превентивни мерки и покрај тоа што заразата не се пренесува со јадење месо.

-Со цел превенција или рано откривање на болеста јазлеста кожа, српското министерство за земјоделство донесе забрана за увоз и транзит на говедско месо од Македонија. Не знаеме до кога ќе важи забраната, тоа зависи од Македонија и од тоа кога ќе биде победена оваа афричка болест, соопштиле од Министерство за земјоделство на Србија.

Во Македонија сточарите завчера со трактори и друга земјоделска механизација ги блокираа патните правци кон Штип и Делчево барајќи итно решение за болеста.

Болеста јазлезта кожа во Македонија беше потврдена на 22-ри минатиот месец, а прво се појави во Грција и Бугарија. Вирусот се шири брзо и лесно бидејќи го пренесуваат инсекти.

OhridNews
Извор:„24 Вести“