Името на Марјан Србиноски ќе биде запишано како последно во низата селектори на Владо Илиевски кој официјално се прости од македонската репрезентација.


– Капитенот Владо Илиевски треба да биде вистински пример во иднина како се бори еден репрезентативец за својата селекција. Многу ми е драго што успеав да работам со него и му посакувам се најдобро во иднина. – рече Србиновски и додаде за неуспехот да се обезбеди пласман во нокаут фазата кој беше цел пред стартот на Евробаскетот. – Со исклучок на мечот со Грузија одигравме солиден турнир. Што се однесува до мечот со словенците го загубивме во првата четвртина кога немавме никаква шутерска моќ и снага. Дополнителен проблем беше отсуството на Војдан Стојановски. Неколку пати се враќавме во игра, но штета што не успеавме да го свртиме резултатот.

Во зависнот од исходот на останатите натпревари ќе се знае на кое место Македонија ќе го заврши петтото учество на ЕП иначе четврто во низа.


Ohridnews