Поранешниот чувар на мрежата на Металург, Дарко Станиќ ќе биде замената за Арпад Штербик кој заминува во Веспрем после завршување на оваа сезона.
Ваквите информации ги лиферуваше српскиот спортски весник „Журнал“ кој го промовираше Станиќ во нов член на Вардар. Голманот и Вардар според весникот ќе потпишат едногодишен договор.
Станиќ во времето кога бранеше во Металург беше еден од најдобрите голмани во ЛШ и на тимот од Автокоманда му помогна два пати една сезона по друга да стигне до ТОП 8 екипите во ЛШ.
Ако овие информации од Србија се покажат точни и „црвено црните“ ја решат голманската дилема, тогаш ќе треба да се фокусираат на тренерскиот ангажман и засилувањето на играчкиот кадар, кој ќе остана дефицитарен по најавата за заминување на Раул Гонзалес и неколку ракометари.
OhridNews