Екипата на Охрид Лоте попладнево од СРЦ Билјанини Извори ќе замине за Струмица , каде утре во рамките на шестата рунда од Втората МФЛ, ќе и гостува на Беласица.
“Градежниците“ се одлучија на ваков потег со цел да бидат што подобро подготвени за мечот од кој се надеваат да се вратат со цел плен.
– Нас не интересираат трите бода и на секој натпревар одиме на победа, без разлика дали играме дома или играме на гости. Ја респектираме екипата на Беласица, но наша желба е да победи фудбалот. Посакуваме фер судење и во една фудбалска атмосфера да победи подобриот – вели Триуфноски , кој поради суспензијата мечот ќе го води од трибините на стадионот Младост.
Одбранбените фудбалери Велкоски и Стојаноски ги санираа повредите и се очекува да бидат меѓу стартните 11 на мечот против Беласица во Струмица. На располагање на Трифуноски се и Димоски и Абди кои ја одлежаа суспензијата.
“Градежниците“ по пет одиграни кола се наоаѓаат на четвртото место со десет освоени бода. Со 11 постигнати погодоци го имаат најефикасниот напад во втората фудбалска лига.
Нивниот противник се уште нема славено на домашен терен и со четири бода се наоѓа на 11. место на табелата, во последните три гола не успеаале да ја затресат противничката мрежа.
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.