Прекршочни пријави против неколку телевизии и радија и нивните главни и одговорни уредници, ќе поднесе Советот за радиодифузција поради неизбалансирано известување во текот на изборната кампања на локалните избори.

Укажување за надминување на забележаните недоследности во вториот круг од изборите добија ТВ Шутел – Скопје, ТВ Коха – Тетово, ТВ Еми – Радовиш, ТВ Нова – Гевгелија, ТВ Амазон – Скопје, ТВ Телма – Скопје, Радио Зона – Скопје, Радио Ват – Скопје, ТВ ЕРА – Скопје, Македонско радио – програма на турски јазик, Македонско радио – Радио Скопје, МТВ 2 – програма на турски јазик и МТВ 1.
Како што беше истакнато на денешната сеница на СРД, прекршочната постапка најчесто се покренува за надминување на дозволеното време за платена политичка програма, а укажувањето е за немање означен наралчател на спот за платена политичка програма или за објавување јавна анкета пет дена пред гласањето.
Исто така, Советот денеска го усвои и Извештајот за начинот на известување во вестите за периодот на изборната кампања.
За најголем дел од медиумите беше речено дека не успеале да направат разлика меѓу редовните активности на власта и партиските. Балансирано известување за кампањата, како што беше нагласено, имале ТВ 24 вести, ТВ Алфа и Канал 77, а неизбалнсирани биле МТВ 1 и ТВ Сител.
OhridNews












