
„Наградите“, како што информираат од здружението ќе бидат објавени на Денот на рибарите – 12 јули.
– Конкурсот опфаќа повеќе области како: уништување на флората и фауната на Охридско Езеро и неговиот слив, уништување на канал Студенчишта (зимувалиште на риба старо со милиони години), зимувалишта во селата Пештани, Радожда, Трпејца, Градско пристаниште, уништување на Студенчишко блато, како и други области од рибарство , екологија и за идни проекти кои ќе придонесат за доуништување на флората и фауната. На избраните кандидати од Комисијата освен Плакета ке им додели и уметничка слика од охридска пастрмка, а ќе биде доделена и плакета за животно дело: „Уништување на флората и фауната во Република Македонија“. – информираат од здружението „Св. Апостол Петар“.
Оттаму додаваат дека конкурсот е меѓународен, а предвид ќе се земат сите дела направени од 1991 година до сега како и предвидени проекти за доуништување на флората и фауната во Македонија.
OhridNews











