„Среќа Е” е новата песна на Мето Ди Флеш (Методи Поповски) кој се потпишува како комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот. Во неа тој ја пренесува поракaта дека најголема среќа е да биде среќен тој што е до нас, да се дели среќата и да се пее заедно.

Придружуван е од неговата екипа, редовни пејачи на неговите караоке забави кои се 38 на број од цела Македонија, вљубеници во пеењето, а далеку од професионални или естрадни пејачи.

Убавината е во тоа што сите тие пеат со душа и срце и беа инспирација за да им напишам песна. Голем предизвик е да се направи еден ваков проект. Бара големо ангажирање и многу работа. Но, кога ќе ги видиш реакциите кои се повеќе од позитивни и сите насмеани лица секоја капка пот се исплати, вели Методи.

Снимени се секој посебно во Кактус – студио во Скопје, Штип – Икј студио и во неговото студио во Струга каде што тој ја завршува целата продукција.

Видеото ни прикажува една голема караоке забава, која всушност го претставува она што тој редовно го прави низ познатите локали ширум земјата. Снимено е во познат штипски локал (Ангелс кафе) во продукција на ПВ Студио.

OhridNews