Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Серхио Ромеро имаше голема доза на среќа откако помина без повреди во страотната сообраќајка која ја имаше со својот автомобил „Ламбурџини“.

Од засега не познати причини автомобилот кој го управувал Ромеро изгубил контрола и излетал од патот, непосредно пред тренингот центарот на Манчестер Јунајтед.

Серхио Ромеро надвор од својот автомобил во свесна состојба ги пречекал полицијата и брзата помош, а потоа се упатил во базата од клубот каде нормално го одработил тренингот со соиграчите.

OhridNews