Нуркачите од „Акватек“ облечени како дедо мразовци ја дочекаа Нова година во водите на Охридското Езеро, испраќајќи порака да го чуваме езерото.

Нуркавме за време на Новогодишната ноќ. На брегот бевме во 23:45 каде ги финализиравме подготовките за зануркување. Го дочекавме огнометот, чукна 00:01 и зануркавме. Нуркањето траеше 40 минути на температура од 8°С. Целта беше да пратиме порака за максимална заштита на езерото, а воопшто и водите во Македонија. Чувајте ја водата, живот е. Во иднина сакаме прослава без огномет, без барут. Денес имаме толку многу развиена технологија што одма може да се најде соодветна замена за истиот. Треба да имаме поголема почит кон животните и животната средина, вели Никола Паскали од „Акватек“.

 

Изминатава година нуркачкиот клуб „Акватек“, реализира неколку акции за чистење на езерото во кои беше извлечен габаритен шут и отпад кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.

OhridNews