Охридската пливачка надеж Димитар Камнаровски на “спидо“ натпреварот во Блерик освои сребрен и бронзен медал. Со двете медали 13 годишниот Димитар стигна до 100-от во неговата пливачка кариера. 

Камнаровски со одличјата се закити во дисциплините 200 метри градно со време (3.05.23) и 200 метри мешано со време (2.42.28). Тој во овие дисциплини ги поправи своите лични рекорди за пет односно четири и пол секунди.

Наредниот месец Камнаровски ќе замине на седумдневни припреми за републичкото првеснтво Холандија кое ќе се одржи во мај.

Мх.П.