Ристевски беше на чекор од златен медал, но во финалето претрпе пораз од Ермин Авдиќ, а претходно во 1/2 финалето го совлада Нејц Неделјко од Словенија.
Најдобриот спортист на Охрид за 2012 година, Лескароски во малото финале триумфираше против Тадеј Мерник и се закити со бронзен медал.
Одличниот викенд за македонските репрезентативци го комплетираше Фатлум Жута, кој го освои третото место.
На турнирот во БиХ учествуваа боксери од Шпанија, Англија, Шкотска, Катар, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Словенија.