Сребрен медал за Колибри на меѓународниот турнир во Турција
01.11.13 08:15
Охридската кошаркарска експедиција на Колибри со сребрен медал се враќа од меѓународниот турнир во Турција, кој се одржа во градот Синоп. Во финалето кошаркарските надежи претрпеа пораз од домашната екипа со 67-57 и се закитија со сребреното одличје. Во најдобрите десет играчи на турнирот четири беа од охридскиот тим и тоа Дарио Дудиќ (плејмејкер), Дејан Нестороски (центар), Мехмед Али (најкорисен играч) и Борис Шешов (најперспективен играч).
– За нашиот клуб преставуваше чест и задоволство што бевме дел од најдобрите организирани турнири за млади категории во Турција. Имаме пофални зборови за домаќините и носиме само позитивни искуства. Се надеваме дека во иднина и ние ќе бидеме домаќини на еден ваков турнир на кој ќе блеснат кошаркарските надежи – рече Исамил Даут тренер на „колибрите“.
Охриѓани покрај учеството на турнирот беа гости во кабинетот на градоначалникот од Синоп и кај Министерот за спорт и култура на Турција.
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Пред ГРК Охрид е згуснат распоред на натпревари во февруари Освен обврските во домашното првенство, „гладијаторите“ ги очекува и двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Pрага Серија...
Во 1 кошаркарска лига на Македонија викендов почнуваат натпреварите од плеј-офот кои ќе ги дадат патниците во Супер лигата Во првото коло ГКК Охрид денеска во салата „Билјанини извори“, ја пречекув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.