Натпреварите од балканскиот шампионат се одвиваа во групи. Првите две пласирани селекции играа за златниот медела додека третата и четвртата репрезентација во групата разигруваа за бронзата.
Во групата Македонија со две победи над Србија (6-3) и Романја (3-2) и еден пораз од Бугарија (4-1) заврши на втората позиција, што значеше борба за златниот медал.
Натпреварот во големото финале македонската селекцијата до 18 години го загуби од Бугарија 4-2 и се закити со сребрениот медал. Во малото финале Србија ја совлада Романија 2-1.
– Имавме изгледни шанси да се закитиме со златен медал од Балканскиот шампионат, но отидовме без никаква подготовка и ни еден одржан тренинг со репрезентативците. На првенството учествувавме благодарение на Општина Охрид и Европкста федерација кои ни излегоа во пресрет на техничките работи. Во вакви услови какви што имаме докажавме дека имаме потенцијал, но финансиската ситуација не ни дозволуваше подготовки за престојното првенство. Во 2013 година се надеваме дека тоа ќе се среди и ќе ја добиеме организацијата за следното Балканско првенство до 18 години – истакна Тања Димитриевска.