Викендов во Струга се одржа карате турнир кој е во листата на официјални карате турнири на КФМ. На турнирот помеѓу натпреварувачите од земјата и странство зедоа учество и натпреварувачите од К.Б.С. “КУН-СУ-ТО“кои освоија една сребрена и три бронзени медалји:1. Марија Стевоска освои 2 ро место во борби, категорија кумите жени 1995 +45кг.
2. Димитар Ѓеорѓиоски 3 то место во борби, категорија кумите мажи 1998 +35кг;
3. Илија Спасески освои 3 то место во ката, категорија ката мажи 1998;
4. Марија Петреска освои 3 то место во ката, категорија ката жени 2001.











