
Средбата меѓу претседателите на СДСМ и на ДУИ следи откако претходно претставници на СДСМ се сретнаа со Алијансата за Албанците, на која партијата на Зијадин Села го презентирала својот предлог-закон за употреба на албанскиот јазик.
По оваа средба, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски рече дека очекуваат од партнерите да ги достават потписите, но и дека преговорите сè уште не се завршени.
OhridNews
извор: „Макфакс“











