Американскиот претседател Барак Обама на денешната средба со неговиот македонски колега, Ѓорге Иванов изразил жалење што земјата не е дел од НАТО алијансата, но изразил благодарност за учеството во мисијата ИСАФ во Авганистан и за партнерството со САД, информираат од кабинетот на Иванов.
На средбата меѓу двајцата претседатели станало збор за македонско-грчкиот спор со името, при што Обама нагласил дека Вашинготн останува посветен на процесот и изразил подготвеност за помош за поскорешно надминување на спорот со името.
Иванов, од своја страна, рекол дека Македонија е таа што бара решение во овој спор, поради кој, како што рекол, трпи реални последици. Македонскиот претседател посочил дека е од исклучително значење знгажманот на САД во овој процес.
На маргините на самитот во Лисабон, Иванов оствари средби и со американскиот државен секретар, Хилари Клинтон, Генералниот Секретар на ОН, Бан Ки-Мун, првите луѓе на Европскиот Совет и Европската Комисија, Херман Ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо, германскиот канцелар, Ангела Меркел, како и со претседателите на Турција и Авганистан, Абдула Ѓул и Хамид Карзаи.
Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјето „Солза на Роза“, денеска во Охрид беа одбележани 17 години од трагичната несреќа на бродот „Илинден“, во која животот го загубија 15 бугарски туристи ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со добитниците на признанието „Инженерски прстен“ На средбата присуствуваа и министерот за дигитална трансфор...
На 04092026 година во 2345 часот, во автокамп на брегот на Охридското Езеро во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од Скопје При претрес извршен по судска наредба во камп приколка која тој ј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.