
Како што информира Кабинетот на претсесателот, централни теми на средбата, беа стратешките цели на Република Македонија, членството во НАТО и Европската Унија како највисоки приоритети, како и можноста за деблокада на интеграциските процеси.
Заменикот помошник државен секретар на САД се заблагодарил за можноста да се разменат мислења и информации во однос на стратешките цели на Република Македонија, актуелните реформски процеси и особено за состојбите во регионот на југоисточна Европа.
Претседателот Иванов го запознал заменикот помошник државен секретар на САД и со улогата на Република Македонија во регионалната соработка и регионалните иницијативи. Двајцата соговорници се согласиле дека не постои одржлива алтернатива ниту за регионот, ниту за Република Македонија, освен целосна интеграција во Европската Унија и НАТО.
-На средбата беа потврдени партнерските односи меѓу Република Македонија и
Соединетите Американски Држави, како и подготвеноста за натамошно
интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.-информираат од Кабинетот на претседателот Иванов
Претседателот Иванов му заблагодарил на Рикер за прифатената покана да
биде еден од предавачите на овогодинешната Школа за млади лидери и
истакнал дека Република Македонија е горда на партнерството и
пријателството кои во континуитет се развиваат со Соединетите
Американски Држави.
Рикер упатил честитки до претседателот Иванов за неговото лидерство, како во Република Макеоднија, така и во регионални рамки.












