Поранешниот претседател на република Хрватска, Стипе Месиќ и група хрватски бизнисмени, денес, остварија средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на која беше оценето дека   двете држави   имаат одлични  политички и економски односи  и дека е особено позитивно што Охрид  има успешна  соработка со неколку градови во Хрватска со кои е збратимен.

– Задоволство е да се има за гостин човек со брилијантна политичка кариера,поранешен претседател на Хрватска, кој воедно е еден од најискрените пријатели на градот Охрид и Македонија.Разговаравме за повеќе теми поврзани со политиката,дипломатијата и животот. Месиќ е човек од кој може многу да се научи. Ми беше особена чест да разговарам со него и да стекнам некои од неговите искуства со кои ја водел Хрватска, а бил вклучен и во политичките случувања во поранешна Југославија, изјави градоначалникот Бакрачески по средбата .

Месиќ истакна дека секогаш со задоволство го посетува Охрид и дека е задоволен што зајакнува соработката помеѓу Охрид со градовите во Хрватска, како што рече, што носи само корист за двете земји.  

OhridNews