Во среда во големата сала на Општина Охрид со почеток во 10 часот, Градоначалникот Никола Бакрачески и стручните служби на Локалната Самоуправа ќе остварат средба со претставници на угостителските субјекти во Охрид.

На средбата предвидено е да стане збор за евалуацијата на изминатата летна туристичка сезона, како и подготовки за претстојните Новогодинешни празници и празникот Богојавление и подготовки за наредната летна туристичка сезона.

Воедно, ќе се поведе и иницијатива за формирање на Работна Група за Угостителскиот Сектор, чија цел ќе биде редовна анализа на тековни состојби во угостителскиот сектор, и унапредување на неговиот развој.

На состанокот ќе бидат презентирани и резултатите од анализите извршени од страна на Секторот за ТЛЕР за евалуација на летната туристичка сезона 2013 година, како и анализите за оваа област направена од Факултетот за туризам и угостителство.

Од локалната самоуправа упатуваат повик до сите заинтересирани угостителски субјекти (ресторани, кафетерии, ноќни клубови, кабареа и сл.) да присуствуваат на средбата и да ги изложат своите идеи, предлози и мислења.

OhridNews