На средбата беше потенцирана потребата од поголема афирмација на охридското природно и културно наследство , а разгледани беа и можностите за продлабочување на соработката меѓу Охрид со градови од Република Хрватска.
– Понатамошната соработка во областа на туризмот како и можностите за заеднички настап за аплицирање и остварувањето на голем број европски проекти во рамките на Програмата на Европската Унија ќе претставува директна придобивка за граѓаните на општина Охрид– истакна градоначалникот Бакрачески.
Хрватската делегација изрази воодушевување од природата и убавините кои ги има Охрид и најави интензивирање на контактите.