– По речиси дведецениско стагнирање на бројот на странските гости, последниве години евидентно е нивното враќање .Тоа е тенденција која не радува, но и не мотивира заедно со централната власт, туристичките работници и научните кругови да креираме и да промовираме нови туристички пакети . Со тоа се надеваме дека ќе бидеме поконкурентни на европскиот и светскиот туристички пазар. Годинава, првите чартер летови со странски туристи почнаа да пристигнуваат од крајот на април и според склучените договори така ќе биде до половината на септември. Охрабрени од се помасовното присуство на странските туристи, очекуваме продолжување на туристичката сезон, рече градоначалникот Бакрачески.
Градоначалникот истакна дека особено радува фактот што во посета на Охрид се шведските тур- оператори, како исе поголемиот интерес за доаѓање на туристи од Шведска.
– Вие ќе видите само дел од убавините и културното наследство и ќе ја почуствувате топлината на нашата гостопримливост. Уверен сум дека барем дел од охридската убава приказна ќе им ја раскажете на вашите пријатели и потенцијалните туристи – им се обрати на присутните градоначалникот Бакрачески.
Во официјалниот дел, Бакрачески пред тур операторите уште еднаш ја истакна поддршката кој ја имаат од страна на Владата на Република Македонија, но и подготвеноста на Охрид да одговори на потребите на туристите од Скандинавските земји кои се секогаш добредојдени во градот.