Со цел да се финализираат подготовките за отпочнувањето на обуката за тренери за развој на руралниот туризам, по покана на Локалната Агенција за Развој од Струга, Амбасадорот на Израел – Неговата Екселенција Давид Коен, оствари средба со Деканот на ФТУ Охрид – Проф д-р. Сашо Коруновски и претставникот од ЛАР, Катерина Василеска.
– Обуката е предвидено да се реализира од 19-ти до 29-ти март. Предавачи ќе бидат врвни израелски експерти од областа на руралниот развој и туризмот. Оваа обука е дел од поголем проект кој ќе го спроведуваат Локалната Агенција за Развој од Струга и Израелската Агенција за Развој на Меѓународна Соработка. Во насока на зајакнувањето на односите помеѓу Израел и Македонија, целта на овој проект е да се помогне развојот на рурален туризам, преку пренесување на искуства и знаења од Израел, изјави претставникот од ЛАР- Струга, Василеска.
Партнери на проектот се: Факултетот за туризам и угостителство -Охрид, Центарот за развој на југозападниот плански регион, Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Кластерот за туризам.











