Консултативна средба на здруженија на граѓани кои делуваат во областа на заштита на животната средина со министерот д-р Неџати Јакупи и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), ќе се одржи денеска во Охрид.
На средбата ќе бидат разменети информации меѓу Министерствотото и граѓанскиот сектор, а главната тема на која ќе се дискутира ќе биде заштита на Охридското Езеро.












