Денес, младите од општинската ВМРО – ДПМНЕ и Здружението на пензионери од Охрид организираа меѓусебно дружење по повод Меѓународниот ден на возрасните луѓе. Тие во просториите на здружението заедно го испија утринското кафе, разменуваа мислење, а повозрасните им  пренесоа дел од нивното искуство, им даваа совети на младите и на крај изиграа неколку партии шах.

– Ваквото дружење со пензионерите од Охрид по повод Меѓународниот ден на возрасните е оддавање на еден начин, почит за нивните достигнувања во животот, како и достигнувањата и признанијата кои ги имаат добиено на државни натпревари како членови на ова здружение,  изјави Илија Арнаудоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид.

Претседателот на Здружението на пензионерите, Ѓорги Трпчески рече дека ова за нив е несекојдневен настан и дека им претставува особена чест и задоволство што на овој ден остварија средба со младите и се дружеа.

OhridNews