Наставници и ученици од ОУ “ Ванчо Николески” од село Лескоец беа во посета на на збратименото училиште “Светозар Марковиќ “ од Лесковац- Србија, по повод 110- годишниот јубилеј на училиштето. Во рамки на свеченостите учениците од ОУ „ Ванчо Николески“ под раководство на проф.Емилија Блажеска изведоа сценско- балетска точка мотивирана од песната „ Билјана платно белеше“ и од стиховите на “Т’га за југ”.
Во рамки на оваа посета , директорот на ОУ “Ванчо Николески”, проф.Жаклина Трипунова, педагогот м-р Весна Терзиоска и наставникот по македонски јазик, проф. Димче Донески, учествуваа со свои предавања-презентации на меѓународната трибина посветена на Образовните системи, трендови и образовната пракса во Република Србија и Република Македонија. Трибината ја следеа повеќе од 250 професори од цела Србија.
На средбата во Лесковац беше промовиран и “Зборникот на на драмски текстови за деца” каде меѓу триесетина драми на автори од Република Србија, објавен е и драмскиот текст “Побратимување на граница – на пат за Европа” чиј автор е проф. Димче Донески од училиштето во Лескоец , а преводот на српски јазик е од професорката Слободанка Панајотова од училиштето во Лесковац.
Годинешната средба на наставниците од двете збратимени училишта е трета по ред. Во делегацијата учествуваше и претседателот на друштвото “Спасовден” од Лескоец , Драгослав Петкоски, кој го искористи својот престој за остварување на контакти со фолклорни друштва и групи кои изразија желба за учество и настап на фестивалот Спасовден 2015 со изведба на стари изворни македонски песни.
Следната заедничка средба е предвидена во мај 2015 година.
OhridNews